Skip Navigation

National Geographic Society Este programa se distribuye en los Estados Unidos y Canadá por National Geographic y EHD. [obtenga más información]

DVD ilustrado plurilingüe

La biología del desarrollo prenatal




БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


 

Descargar versión en formato PDF  ¿Qué es PDF?
 

El embrión de 8 semanas

Capítulo 30   8 semanas: desarrollo del cerebro

На 8 седмици мозокот е мошне сложен и зафаќа речиси половина од вкупната тежина на ембрионот.

Растењето продолжува со извонредно темпо.

Capítulo 31   Cualidad de diestro y zurdo

До 8 седмици, 75% од ембрионите покажуваат доминација на десната рака. Меѓу останатите 25%, половина се со доминација на левата рака, а другата половина се без претпочитаност. Ова е најраниот показател на деснорака или леворака доминација.

Capítulo 32   Voltearse

Во педијатриските учебници е опишана способноста за "превртување" што се појавува 10 до 20 седмици по раѓањето. Меѓутоа, оваа импресивна координација се појавува многу порано во средината со ниска гравитација на амнионското ќесе исполнето со течност. Единствено недостатокот на јакост потребна да се надмине повисоката гравитациска сила надвор од матката оневозможува да се превртуваат новороденчињата.

Ембрионот станува физички поактивен во ова време.

Движењата може да бидат бавни или брзи, единечни или повторливи, спонтани или рефлексни.

Ротацијата на главата, истегањето на вратот и контактот дланка - лице стануваат сè почести.

На допир, ембрионот реагира со поглед во страна, движење на вилицата, движења за зграпчување и свиткување на прстите на нозете.

Capítulo 33   Fusión de los párpados

Помеѓу 7 и 8 седмици, горните и долните очни капаци забрзано растат преку очите и делумно се слепуваат.

Capítulo 34   Movimiento respiratorio y micción

И покрај тоа што во матката нема воздух, до 8 седмици, ембрионот повремено прави движења карактеристични за дишење.

До ова време, бубрезите создаваат урина којашто се испушта во амнионската течност.

Кај машките ембриони, тестисите што се развиваат почнуваат да произведуваат и лачат тестостерон.

Capítulo 35   8 a 9 meses (32 a 36 semanas): formación de alvéolos, agarre firme, preferencias de sabor

Коските, зглобовите, мускулите, нервите и крвните садови на екстремитетите многу личат на оние кај возрасните.

До 8 седмици, епидермисот или надворешниот слој на кожата, станува повеќеслојна мембрана, губејќи голем дел од проѕирноста.

Растат веѓи и почнуваат да се појавуваат влакна околу устата.

Capítulo 36   Resumen de las primeras 8 semanas

Осум седмици го означуваат крајот на ембрионалниот период.

Во ова време, човечкиот ембрион пораснал од една клетка до приближно една милијарда клетки коишто формираат преку 4.000 различни анатомски структури.

Ембрионот сега има повеќе од 90% од структурите што ги имаат возрасните.