Skip Navigation

National Geographic Society Este programa se distribuye en los Estados Unidos y Canadá por National Geographic y EHD. [obtenga más información]

DVD ilustrado plurilingüe

La biología del desarrollo prenatal




БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


 

Descargar versión en formato PDF  ¿Qué es PDF?
 

Desarrollo embrionario: 4 a 6 semanas

Capítulo 11   4 semanas: líquido amniótico

До 4 седмици проѕирниот амнион го опкружува ембрионот во ќесе исполнето со течност. Оваа стерилна течност, наречена амнионска течност, го заштитува ембрионот од повреди.

Capítulo 12   El corazón en acción

Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.

Забележете како срцето ја менува бојата како што крвта влегува и излегува од коморите со секое отчукување.

Просечно, срцето отчукува 54 милиони пати пред раѓањето и над 3,2 милијарди пати во текот на 80-годишен животен век.

Capítulo 13   Crecimiento del cerebro

За забрзаниот раст на мозокот сведочи сменетиот изглед на големиот мозок, средниот мозок и малиот мозок.

Capítulo 14   Esbozos de las extremidades y piel

Развојот на горните и долните екстремитети започнува со појавата на нивните зачетоци до 4 седмици.

До овој период кожата е проѕирна затоа што е дебела колку еден слој клетки.

Со здебелување, кожата ќе ја изгуби проѕирноста, што значи дека развојот на внатрешните органи ќе може да се набљудува само уште еден месец.

Capítulo 15   5 semanas: hemisferios cerebrales

Помеѓу 4 и 5 седмици, мозокот го продолжува својот забрзан развој и се дели на 5 засебни делови.

Главата зафаќа околу 1/3 од целосната големина на ембрионот.

Се појавуваат мозочни хемисфери, кои постепено стануваат најголеми делови од мозокот.

Во функциите што ќе се контролираат од мозочните хемисфери се вбројуваат мислење, учење, помнење, говор, вид, слух, волеви движења и решавање проблеми.

Capítulo 16   Vías respiratorias principales

Во респираторниот систем, веќе се формирани главните бронхијални гранки, левата и десната, а подоцна тие ќе ги поврзат трахеата или душникот со белите дробови.

Capítulo 17   Hígado y riñones

Забележете како масивниот црн дроб ја исполнува стомачната шуплина во близина на срцето.

До 5 седмици бубрезите се целосно оформени

Capítulo 18   Saco vitelino y células germinales

Жолчната вреќичка содржи рани репродуктивни клетки наречени ембрионални клетки. До 5 седмици овие ембрионални клетки мигрираат во репродуктивните органи што се наоѓаат во близина на бубрезите.

Capítulo 19   Placas de las manos y cartílago

Исто така, до 5 седмици, кај ембрионот се развиваат дланки на рацете, а до 5 1/2 седмици започнува формирање на 'рскавицата.

Овде се гледа дланката на левата рака и зглобот на 5 седмици и 6 дена.