Skip Navigation

National Geographic Society Este programa se distribuye en los Estados Unidos y Canadá por National Geographic y EHD. [obtenga más información]

DVD ilustrado plurilingüe

La biología del desarrollo prenatal




БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


 

Descargar versión en formato PDF  ¿Qué es PDF?
 

Capítulo 40   3 a 4 meses (12 a 16 semanas): papilas gustativas, movimientos mandibulares, reflejo perioral, primeros movimientos

Помеѓу 11 и 12 седмици тежината на фетусот се зголемува за речиси 60%.

Дванаесет седмици го обележуваат крајот на првата третина, или триместар, од бременоста.

Одделни рецептори за вкус сега ја покриваат внатрешноста на устата.
До раѓањето, рецепторите за вкус ќе останат само на јазикот и на горниот дел на устата.

Перисталтиката на цревата започнува најрано на 12 седмици и продолжува во текот на следните 6 седмици.

Материјата што прва се исфрла од дебелото црево на фетусот и новороденчето се нарекува мекониум. Составена е од дигестивни ензими, протеини и мртви клетки излачени од дигестивниот тракт.

До 12 седмици, должината на горните екстремитети речиси го достигнува конечниот сразмер со големината на телото. На долните екстремитети им е потребно подолго време да ги достигнат своите конечни пропорции.

Со исклучок на задниот дел од телото и врвот на главата, целото тело на фетусот сега реагира на слаб допир.

Развојните разлики што зависат од полот се појавуваат за првпат. На пример, женските фетуси ги движат вилиците почесто од машките.

За разлика од реакцијата на повлекување што можеше да се види претходно, сега, стимулацијата во близина на устата предизвикува реакција на свртување кон стимулацијата и отворање на устата. Оваа реакција се нарекува "рефлекс за барање" и постои и по раѓањето, помагајќи му на новороденчето да ја најде мајчината брадавица во текот на доењето.

Лицето продолжува да созрева со наталожување на масно ткиво на образите а започнува и развојот на забите.

До 15 седмици се појавуваат основни крвообразувачки клетки и се мултиплицираат во коскената срж. Крвните клетки, во најголем дел се формираат овде.

Иако и ембрионот стар 6 седмици се движи, бремената жена за првпат ги чувствува движењата на фетусот помеѓу 14 и 16 седмици. Обично, тогаш се вели дека детето се разбудило.